СЛЕДНА ЦЕЛ - МАЈКЛ ЏОРДАН

ЛЕБРОН Е ПЕТТИ ВО ИСТОРИЈАТА: Го помина и Вилт Чембрлен (ВИДЕО)

Леброн Џејмс продолжува да ги урива оние водечки рекорди во историјата на НБА лигата. На дуелот со Портланд „Кралот " беше посебно инспириран за играње.

објавено: 15 ноември 2018 - 08:45

Леброн Џејмс продолжува да ги урива они водечки рекорди во историјата на НБА лигата. На дуелот со Портланд „Кралот " беше посебно инспириран за играње.
Иако во „Стејплс центарот" во ЛА Портланд имаше многу подобар почеток, и двоцифрена предност на полувремето, сепак Лејкерс најдоа начин за да направат пресврт.
На крилјата на Џејмс остварија предност од осум поени. И во последниот период од играта тимот од Лос Анџелес ја одржа контролата над резултатот, победи со (126:117) што е четврта победа за нив.
Леброн Џејмс го заврши натпреварот со рекордни за него, во оваа сезона, 44.поени, со кои се најде на петото место на вечната листа на најдобрите стрелци во историјата на НБА.

Нему му недостасуваше само уште една асистенција за трипл-дабл затоа што имаше и десет скока.
Сега има 31.420 поени, со кои го помина славниот Вилт Чембрлен на таа листа на рекордери. А негова следна цел не е никој друг, туку Мајкл Џордан, кој во својата кариера дојд едо 32.292 погодоци и е на четврттото место.
Доста понапред се Коби Брајант со 33.643, Карл Мелоун кој има 36.928 и Карим Абдул-Џабар со неверојатни 38.387 поени.

Најново во Кошарка