ТОГАШ БИЛ МЛАД И ЖИВЕЕЛ ВО ПРОБЛЕМАТИЧЕН КВАРТ

НЕКОЈ ДРУГ ЛЕБРОН: Не сакав да имам ништо со белите луѓе!

Кошаркарот на ЛА Лејкерс признава дека му било потребно некое време да се навикне на големиот број на бели ученици во средното училиште Сент Винсент и Сент Мери во Охајо.

објавено: 31 август 2018 - 22:20

Кошаркарот на ЛА Лејкерс признава дека му било потребно некое време да се навикне на големиот број на бели ученици во средното училиште Сент Винсент и Сент Мери во Охајо.

„Ми беше потребно некое време да се навикнам на животната околина. Си повторував на себе дека никогаш нема да имам врска со белите луѓе. Така и постапував со белите Американци. Тоа е условено со одраснувањето и животот во проблематичен кварт" – изјави Џејмс за „ТМЗ".

Ова лето, како слободен играч Леброн Џејмс потпиша четиригодишен договор со ЛА Лејкерс вреден 154 милиони долари.
Неговото доаѓање од Кливленд предизвика различни реакции кај навивачите на клубот од Калифорнија. Помеѓу останатото беа уништени неколку графити посветени токму на Леброн.

Но многу брзо потоа сопственикот на Лејкерс, Џени Бас и легендата на клубот од ЛА, Коби Брајант јавно застанаа во одбрана на еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата.
Џејмс беше трет пик на драфтото во 2003 година кога го одбра токму Кливленд, а во кариерата освои (барем досега) три шампионски прстени. Два од нив со Мајами Хит и еден со Кавалирс.

Најново во Кошарка