ШЕК ГО СОВЕТУВА ЛЕБРОН

Ти си веќе легенда, не бркај титули по секоја цена!

Легендарниот центар Шекил ОНил истакнува дека Леброн Џејмс е веќе впишан во листата на бесмртните имиња во НБА историјата, и дека без оглед на се, дали до крајот на кариерата ќе освои некој прстен или не, ќе остане таков...

објавено: 18 јуни 2018 - 11:00

Леброн Џејмс имаше уште еден неуспешен обид да стигна до својот четврти шампионски пехар во НБА лигата. По втор пат по ред, а трет во последните четири години, подобри од него и неговата екипа, Кливленд, беа кошаркарите на Голден Стејт.

Нешто што пред доста години се соочи и еден Шекил Онил, кој знае што да го советува „Кралот" Џејмс во овој не баш идеален момент за него.

„Проблемот кој го имав пред крајот на кариерата е тоа што упорно се трудев на сите да 'им ја затворам устата'. Бев 'жеден', бидејќи освоив три титули, и сите велеа дека ќе останам на таа бројка. Потоа ја освоив и четвртата, и повторно говореа дека нема да можам уште некоја. Тогаш ги менував клубовите во обидите повторно да докажам дека не се во право"- појаснува Шек.

Затоa и има совет до неговиот добар пријател Леброн Џејмс, кој го следи неговиот пример.

„Леброн е веќе легенда. Веќе остави трага, освои три титули, меѓутоа, тој веројатно размислува за тоа да го освои четвртиот пред тоа да го направи Стеф Кари. Да сум јас на неговото место, не би го правел тоа. Тој е веќе легенда. Па потоа луѓето се расправаат кој е подобар, тој или Мајкл Џордан. Тоа би требало да му биде доволно"- смета некогашниот соиграч на Леброн во тимот од Охајо.

Во својата кариера, Леброн Џејмс играше за Мајами и за Кливленд, а најавите се дека ова лето би можел да заигра и во некој трет клуб во НБА.

Најново во Кошарка