Кошаркарите се комплетираа пред Косово и Романија

Давитков: Ќе биде тешко, но сакам победа

објавено: 10 септември 2018 - 22:42

Македонската кошаркарска репрезентација ги почна финалните подготовки пред заминување за Косово на првиот од двата меча во продолжението од претквалификациите за ЕП 2021. Селекторот Давитков задоволен што полека тимот се компетира, вели дека во Косово не чека тежок меч.

„Добро е што денеска се комплетиравме. Вчера дојде Војдан, денеска дојде и Хендрикс. Овие три дена ќе се обидеме да одработиме пред се на тактички план и да се подготвиме што подобро за овој меч. Инаку, за Косово, реално е да се каже дека се посилни од лани. Имаат двајца нови кошаркари, но и ние ќе бидеме посилни. Ќе направиме се да стартуваме добро и да победиме. Се надевам дека играчите ќе дадат се од семе, мора да одиграме максимално и да славиме. Победникот на секој меч се гледа на крајот, па затоа нема опуштање", порача Давитков.

Мечот со Косово го играме во четврток, додека в недела во Скопје ја дочекуваме Романија.

Најново во Кошарка