И ТОА Е НЕШТО ВО ОДНОС НА НИШТО

Хрватите се „најсилни" - 18 НБА играчи во септемврискиот „прозорец" на ФИБА

Селекторите на европските селекции во септемвриските квалификациски дуели за пласман на СП 2019 година во Кина, можат да сметаат на 18 играчи кои се дел од НБА лигата.
А некако во најдобра ситуација е селекцијата на Хрватска, односно нивниот „изборник"Дражен Анзуловиќ, кој има на располагање дури четворица.

објавено: 11 септември 2018 - 15:05

Селекторите на европските селекции во септемвриските квалификациски дуели за пласман на СП 2019 година во Кина, можат да сметаат на 18 играчи кои се дел од НБА лигата.

А некако во најдобра ситуација е селекцијата на Хрватска, односно нивниот „изборник"Дражен Анзуловиќ, кој има на располагање дури четворица.
Секако, овој септември ќе изостанат и неколку големи ѕвезди како Јанис Адетокумпо, Лаури Марканен (Финска), Руди Гобер (Франција), Данило Галинари (Италија), кристапс Порзингис (Летонија), Никола Вучевиќ (Црна Гора), и Лука Дончиќ (Словенија).
Најтешко пак му е на селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло, ако се знае дека во овој момент нема ниту еден НБА играч во својата селекција.
Иако имаше најави дека ќе биде подобро, во проблеми е и селекцијата на Србија, каде ќе се појават само двајца кошакари со НБА педигре, тандемот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ-Немања Бјелица.

Доста добро котира и Турција кои пак имаат три големи ѕвезди во својот септемвриски состав, родениот Македонец Џеди Осман, Фуркман Коркмаз и Ерсан Илјасова.

НБА ИГРАЧИ ВО „СЕПТЕМВИСКИОТ ПРОЗОРЕЦ"
Дарио Шариќ, Бојан Богдановиќ, Анте Жижиќ, Ивица Зубац (Хрватска), Денис Шроедер, Макси Клебер (Германија), Јусуф Нуркиќ, Џанан Муса (БиХ), Николас Батум, Алекс Лен, Ави Михаљук (Украина), Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица (Србија), Тајлер Дорси (Грција), Џеди Осман, Ерсан Илјасова, Фуркан Коркмаз (Турција), Томаш Саторански (Чешка).

 

Најново во Кошарка