Неофицијално, клупските обврски се сериозен проблем

КАДСИЈА НЕ МУ ДАВА „ПРОСТОР“: Давитков од утре нема да биде селектор на Македонија!?

Oткако го обезбеди првото место во претквалификациската рунда и обезбеди пласман во вторata претквалификациска рунда (ротив Романија и Косово), Јорданчо Давитков ќе го напушти кормилото на македонската репрезентација.

објавено: 12 јули 2018 - 15:43

Oткако го обезбеди првото место во претквалификациската рунда и обезбеди пласман во вторaтa претквалификациска рунда (ротив Романија и Косово), Јорданчо Давитков ќе го напушти кормилото на македонската репрезентација.

Неофицијално, клупскиот ангажман претставува сериозен проблем за Давитков.

Актуелниот предводни кна нашиот сенироски национален тим добил нов, многу подобар договор од страна на раководството на Кадсија. Но со забелешка дека треба да ги почитува сите услови од истиот, вклучително и времето кое би го „употребил“ за репрезентативните обрвски кои ги има нашиот национален тим во следниот период. односно оној септемвриски циклус.

Исто така, неофицијално, Давитков и претседателот на МКФ Петар Наумоски не можат да најдат некое преодно решение за актуелниот момент. Па се чини дека е невозможно да биде пронајден компромис за излез од истата.

Давитков за утре закажа прес-конференција на која што ќе ги открие плановите за својата иднина, но јасно е дека шансите за наоѓање на заедничко решение се минимални.

Јорданчо Давитков се врати на клупата на Македонија минатото лето, но под негово водство го освоивме последното место зад Естонија и Косово во претквалификациите за СП 2019.

Но ја доби довербата на Наумоски и ракводството на МКФ, остана на чело на репрезентацијата и за првиот претквалификациски циклус за Евробаскет 2021, успевајќи да го освои првото место пред Швајцарија и Словачка.

Најново во Кошарка