СЕНИОРКИТЕ ВЕЧЕРВА ПРОТИВ ШВЕДСКА

Лазовски: Нема да се предадеме, колку можеме во моментов, ќе видиме!

Претпоследниот натпревар во овој циклус ќе го одиграме на домашен терен, против селекцијата на Шведска, вечерва во малата сала на СЦ„ Јане Сандански" со почеток од 20.15 часот.

објавено: 17 ноември 2018 - 15:30

Женската сениорска селекција на Македонија, вечерва во Скопје ќе го одигра претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2019 година.

Од 20.15 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански" противник на избраничките на селекторот Марјан Лазовски е селекцијата на Шведска.
Екипа која доаѓа во особено тешко моменти за нашиот женски сениорски состав ако се знае дека Лазовски се соочи со голем број на откази во овој ноемвриски прозорец. Односно ќе ги нема на располагање кошаркарките кои требаше да бидат носители на играта. Против Шведска и Хрватска ќе играме без натурализираните Американки, но и без Трајчевска, Тантуровска, веројатно и Јелена Антиќ.

„Нè чекаат два тешки натпревари со силни репрезентации кои многу добро ги познаваме. Навистина ми е жал што во овој квалификациски циклус не успеавме да ја насликаме реалната слика на репрезентацијата и да ги демонстрираме нејзините можности.
Без оглед на се, ќе мораме да покажеме дека не се предаваме уште пред да започне натпреварот. Имаме неколку дена за темпирање на формата и ќе се обидеме што подобро да ја претставиме репрезентацијата на натпреварите" - истакна селекторот Марјан Лазовски

Последниот натпревар ќе го одиграме на 21. ноември во Забок, против репрезентацијата на Хрватска.

ГРУПА Х
ДВОЈКИ 5. КОЛО
ДЕНЕСКА:
19.00: Хрватска - Италија
20.15: МАКЕДОНИЈА – Шведска

ТАБЕЛА
1. Италија 4 3 1 294:215 7
2. Шведска 4 3 1 258:229 7
3. Хрватска 4 2 2 300:238 6
4. МАКЕДОНИЈА 4 0 4 183:353 4

 

Најново во Кошарка