НАШИОТ ПРОТИВНИК СЕ ЗАСИЛУВА ВО СТРУЧНИОТ ТИМ

НЕ ПОМИНА ВО МЗТ, НО... Мулаомеровиќ е нов селектор на Косово!

Дамир Мулаомеровиќ, кој пред некое време беше еден од кандидатите да биде нов шеф на струката на МЗТ Скопје, прифатил да биде на клупата на селекцијата која е наш противник во наредниот втор претквалификациски цисклус за пласман на ЕП 2021 година.

објавено: 14 август 2018 - 10:45

Репрезентацијата на Косово има сериозни намери во оној втор претквалификациски дел од натпреварите за пласман на ЕП 2021 година.

Некогаше еден од најдобрите играчи во репрезентацијата на Хрватска, потоа тренер на неколку екипи, и селектор на БиХ, Дамир Мулаомеровиќ, синоќа бил именуван за нов селектор на репрезентацијата на Косово.

Според најавите од федерацијата, неговиот ангажман нема да претставува преќка доколку во меѓувреме договори некој клупски ангаѓман. Особено што „Мула" веќе има некои понуди и на клупско ниво, па поради тоа би можел да извршува две функции на две различни места.
Она што е битно за нас е дека Косово, како наш прв противник во вториот круг од претквалификациите на оној меч закажан за 13 септември во Приштина, добива засилување во оној стручен дел, што секако е доказ плус дека нашите соседи не се откажале од трката за пласман на Евробаскетот во 2021 година.

Најново во Кошарка