ТОА Е МКФ, МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО, АМА...

„Сами си го кладоа", сега што правиме?

Не бадијала рекле постарите, дека „кој кому јама копа, најчесто самиот во неа паѓа"...

објавено: 17 ноември 2018 - 10:00

Б. Радуловиќ

Тотален дебакл доживеаја челниците на Македонската кошаркарска федерација.

Се надеваа дека ќе бидат „во право" кога преку својата Дисциплинска комисија сакаа „да тренираат строгост", а на крајот добија едно големо ништо.
Макар неофицијално, затоа што одлуката за суспензија се чува во некоја од фиоките на бирото на генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска, и никако да излезе во јавноста, и дефинитивно била, тоест ќе биде поразителна (кога ќе ја објават од МКФ во јавноста), дека
Макар и неофицијално, Ненад Димитријевиќ е казнет со десет дека неиграње, како санкција за отсуството од младинската репрезентација на Македонија од ЕП за играчи „Под 20" години ова лето.
ВО МКФ сакаа да се прават силни, бараа, односно донесоа одлука за шестмесечна суспензија за нашиот, и дефинитивно најталентиран млад кошаркар, но добија една силна шлаканица, дури и од една институција каква што несомнено голема е ФИБА.
Тотална бламажа добија, доживеаја подржувачите на вакви потези во нашата кошарка, не само Гаврилоска, која евидентно била некако и најразочарана за овој „исход", од која причина, навистина не знаеме. Но јасно е дека како прв оперативец на федерацијата во никој случај не смее вакви работи – одлуки да ги крие од јавноста, па макар биле и негативни по неа и нејзиното опкружение, секако претседателот Петар Наумоски, па и некои членови од УО на МКФ кои гласаа(ле) за оваква одлука.

Со оглед на тоа дека Наумоски го немаше во изминатиот период, повеќе е во Истанбул отколку во Скопје, веројатно е дека неговиот прв соработник(чка) и не знаела како да реагира на одлуката на ФИБА, затоа што и не е баш искусна во тие работи па работата ја тае(ла) повеќе од една недела.
Секако, прашање е и како ќе биде, макар и технички оваа казна на која Ненад Димитријевиќ и има право на жалба во рок од неколку дена. Би било веројатно смешно да поднесе жалба на нешто што можеби и никогаш и нема да се реализира, иако теоретски, може да „прескокне" некој меч од Ендеса лигата, или пак некој репрезентативен доколку селекторот одлучи дека не треба да игра за оние наредни претквалификациски мечеви прво со Косово, а потоа, наредната година, и со Романија.

Каква порака носи оваа „суспензија"?
Навистина добро прашање на кое треба да се бара одговор во наредните денови.
Оваа шлаканица, подобро кажано „бокс" кој МКФ го доби ФИБА, дава едно сосема јасно појаснување.
Дека никој со сила не може некого да натера и да игра за националниот тим, пред се во оние помлади категории. Луѓето од МКФ сакаа на сила да прават правдина, и да задоволат некои свои лични ега, ама дефинитивно погрешија многу во тој „избор".

Со тоа им оставија избор на некои други идни генерации на талентирани и млади кошаркари дека можат да тргнат по патот кој индиректно им го отвори Ненад Димитријевиќ.
Дека не може некој да се поставува над нивните индивидуални одлуки, па макар тие за некого биле недоволно добри, пред се за федерацијата се мисли.
Впрочем и ова раководство на федерацијата не знае во кој правец да ја тера оваа работа, и тоа како сериозна. Се отепаа од фалење со она трето место на кадетите, но сега ги отепа оваа вест, ги турна на земја, и веројатно ќе им биде добра поука, како да работат, ако воопшто знаат да работат, понатаму.
Случајот „Димитријевиќ" кои самите си го креираа, секако со помош на послушниците кои ги тераа да (на)пишат пријава, е доволно силен доказ дека се далеку, многу далеку од доброто.
Впрочем, не бадијала рекле постарите, дека „кој кому јама копа, најчесто самиот во неа паѓа".
Па така и овие од МКФ, сакаат да бидат силни, испаднаа бедни, дури и не сакаат да го признаат тоа, во нивни игнорантски стил – да си молчат!
П.С

Има уште нешто во фиоките на бирото на генералниот секретар на МКФ. Белким ќе соберат сили да го признаат и тоа, и да го презентираат во јавноста...

Најново во Кошарка