РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО КРИЛО СО ТРАНСФЕР ВО ЛЕБ-ГОЛД ДИВИЗИЈАТА

Стојан Ѓуроски во шпанската Хуелва

Не е Блокотехна, не е ниту МЗТ Скопје, туку Хуелва...

објавено: 23 август 2018 - 17:38

Актуелниот македонски репрезентативец Стојан Ѓуроски, во следната сезона ќе настапува во Шпанија.
И тоа во редовите на ЛЕБ-голд-лигашот Левитек Хуеска.

„Завршени се сите детали околу договорот. За неколку дена летам во Шпанија, каде веќе од следната седмица ќе му се ставам на располагање на стручниот штаб на клубот, предводен од тренерот Гиљермо Аренас"- потврдува нашето репрезентативно крило.

Погледот на оној активен ростер на клубот од втората шпанска лига вели дека ова лето доживела комплетна играчка трансформација. Односно дека во овој момнт, Стојан Ѓуроски е шестиот нов играч кој доаѓа во Хуеска.

„Не се оптоварувам со тие работи, За мене е најважно што најдов клуб во кој можам да го подигнам оној индивидуален квалитет. Одам во средина во која се знаш што претставува кошарката. Да бидам искрен, и моја интенција беше ова лето да пробам уште еднаш, да играм надвор од Македонија. Имав понуди да останам и 'дома', но ете се укажа шанса да видам до каде сум во една така силна конкуренција која со себе ја носи ЛЕБ-голд дивизијата во Шпанија. Се надевам дека брзо ќе си го најдам своето место во екипата која има нагласне амбиции кои водат кон местата во Ендеса лигата"- дополнува Ѓуроски.

Најново во Кошарка