За Бразилците е навистина штета што овие контролни мечеви не се на пример средби од СП или од друго натпреварување, а дефинитивно Нејмар и неговите соиграчи би освоиле некој трофеј за подвигот кој го направија досега годинава.
Досега одиграни девет пријателски средби и оствари девет победи. Статистиката вели ниту еден примен гол, односно гол-разлика 20:0.
Еве ги резултатите во тие тест дуели и победите над: Русија (3:0), Германија (1:0), Хрватска (2:0), Австрија (3:0), САД (2:0), Ел Салвадор (5:0), Саудиска Арабија (2:0), Аргентина (1:0) и Уругвај (1:0).
Но, тоа е слаба утеха, бидејќи на Светското првенство во Русија беа елиминирани во четвртфиналето, иако пред стартот на Мундијалот беа најголеми фаворити за титулата.