И ТОА ЗА НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЕВЕНТУАЛНО ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

Алиоски и Лидс добиваат големо засилување од Ливерпул!?

Како што шпекулираат британските медиуми, можно е наредната сезона на „Иланд Роуд" да се врати добро познато лице...

објавено: 17 ноември 2018 - 17:00

Џејмс Милнер се поврзува со трансфер во Лидс Јунајтед во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Оваа сезона се обидуваат избраниците на менаџерот Марсело Биелса да го вратат тимот по подолго време во Премиерлигата.

Досега во Чемпионшип играчите на Лидс после 17. кола се на третата позиција со 30 бодови, зад водечките Норич Сити (33) и Мидлзбро (31). Ако Лидс успее да се промовира како учесник во Премиерлигата за наредната натпреварувачка сезона 2018/2019, можно е да го ангажира дефанзивецот Милнер кој својата кариера ја започна токму во тој клуб.

32-годишниот искусен фудбалер кој може да игра и во средниот ред, и како крило, сега ги брани боите на Ливерпул со досега 108 натпревари и 14 голови. Пред да се пресели на „Енфилд" после заминувањето од Лидс, ги бранеше уште боите на Свиндон Таун, Њукасл, Астон Вила и Манчестер Сити.

На возраст од 16 години и 309 дена стана најмладиот играч кој постигна гол во Премиерлигата во победата од 2:1 над Сандерленд во дресот на Лидс. Има важечки договор до крајот на сезоната (30. јуни 2019), останува да се види дали ќе ја продолжи соработката со Редси или ќе бара нов предизвик.

Најново во Меѓународен Фудбал