Ќе се градат „безбедни сектори“ за стоење

Англичаните сакаат да го вратат „стоењето“ на стадионите

Според првичниот план, ФА може да доволи изградба на т.н. „безбедни сектори за стоење“ на стадионите на тимовите во Лига 1 и Лига 2 дивизиите, но од следната година може да се врати стоењето и на натпреварите во Чемпионшип дивизијата.

објавено: 6 септември 2018 - 20:15

Револуција или, едноставно, враќање кон исконскиот фудбал? Ова е прашањето кое се наметнува откако во Британија почна отворено да се зборува за враќање на т.н. места за стоење на фудбалските стадиони.

Откако се случи трагедијата на „Хилсброу" на 15 април 1989 година кога 96 навивачи ги загубија животите пред ФА Купот полуфиналето меѓу Ливерпул и Нотингем Форест, фудбалските стадиони добија седишта и полека се укинуваше принципот на места за стоење. Масакрот го преврте англискиот фудбал и мерките кои беа усвоени од 1996 година во повеќе земји низ Европа станаа стандард за фудбалски натпревари.

Веќе некое време, Англија размислува да ги обнови овие места за стоење на трибините на тој начин што ќе изгради "безбедните подрачја", сектори со фиксни железни седишта и железни огради кои лесно ќе можат да се демонтираат. Можноста се дискутира веќе извесно, откако во САД на стадиони за бејзбол овие позиции се сосема нормални. Со тоа ќе му се врати и духот на навивањето, но и ќе се врати познатата фудбалска атмосфера на трибините.

Многунина на Островот одамна велат дека она што сега се случува на стадионите е чист театар, а навивањето и атмосферата одамна се заборавена работа.

Најново во Меѓународен Фудбал