Причина за ова е преговарањето со младите играчи кои веќе биле под договор со друг клуб, секако без знаење на тимот за чиј играч станува збор, т.н. „tapping up".
Забраната за трансфери на сета среќа не се однесува директно на првиот тим, „карамелите" во наредните две години нема да можат да потпишуваат играчи (академски) помеѓу 10 и 18 години.
Од друга страна, јасно е тоа дека од „Гудисон" излегоа многу вредни таленти, најпознат од нив е Вејн Руни, а во екипата моментно се наоѓа Том Дејвис, Доминик Калверт-Луин, Мејсон Хогејт, како и Адемола Лукман, кој легендарниот Стив Волш го доведе од Чарлтон.
Сепак, нема да можат во наредните две години да купуваат бисери на англискиот фудбал, поради споменатата казна.