Управата „ЗА“, менаџерот „ПРОТИВ“

Мурињо не сакал да го врати Роналдо во Манчестер Ј.

Мoy попрво сакал да купи нов централен дефанзивец

објавено: 2 септември 2018 - 14:10

Заменик-претседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, сакал да му понуди договор на Кристијано Роналдо ова лето да се врати на „Олд Трафорд", но идејата не му се допаднала на менаџерот на „црвените ѓаволи", Жозе Мурињо.

Според британските весници, Моу бил категорично против доаѓање на Роналдо во тимот оваа сезона. Португалскиот стратег одлучил дека трансферот на Роналдо, со кого работеше во времето додека беше тренер во Реал Мадрид, едноставно нема смисла. Мурињо попрво сакал да купи нов централен дефанзивец, отколку да го врати својот сонародник на „Олд Трафорд".

Роналдо се пресели од Реал во Јувентус ова лето иако имаше бројни шпекулации околу неговата иднина и во Премиер лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал