ФУДБАЛЕР НА ПАЛАС СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА

Пред да станам фудбалер бев крадец и спиев на улица

Играчот на Кристал Палас Мамаду Сако зборува за тешкото детство и за желбата да стане фудбалер

објавено: 18 октомври 2018 - 13:00

Дефанзивецот на Кристал Палас Мамаду Сако во интервју за Си-ен-ен откри колку тешко детство имал пред да стане фудбалер. Сако е роден во Париз, а со фудбал почнал со шест години во локалниот Париз ФК, а потоа продолжил во младинските категории на ПСЖ. Во светот на професионалниот фудбал влегува во 2007 година, прво во ПСЖ, од таму оди во Ливерпул, а сега е во Палас. Живеел во многу лоши услови со седум браќа.

„Кога бев мал, животот ми беше многу поразличен од сега. Спиев по паркови и просев за да заработам за јадење. Понекогаш крадев од луѓето на улица. Но добро знаев што треба да направам за да го променам тоа", изјави Сако кој останал скромен и покрај големите примања во Палас и на статусот во професионалниот фудбал.

„Тоа што го поминав како дете ми помогна да станам психички посилен и да бидам подобар човек. Секогаш се трудам да им помагам на тие што имаат потреба", вели францускиот играч.

Најново во Меѓународен Фудбал