ПЕТКРАТНИОТ СВЕТСКИ ПРВАК Е ПОДГОТВЕН

Бразил е во еуфорија, а има и зошто

Селекторот Тите објави дека првата ѕвезда на тимот, Нејмар ќе биде во составот за дуелот против Швајцарија

објавено: 16 јуни 2018 - 22:21

Петкратниот светски првак Бразил со првата ѕвезда во составот, Нејмар, ќе атакува утре на дуелот против Швајцарија во првиот нивни дуел на СП во Русија. Селекторот на „кариоките“, Тите потврди дека Нејмар е подготвен за игра. 

„Нејмар уште не е 100 отсто закрепнат, но е одлично физички подготвен. Неговите спринтерски капацитети и брзина се тука. Воопшто нема ништо загубено по повредата. Воопшто нема да му биде проблем да игра и да го даде тоа што најдобро го знае“, потврди Тите, пред дуелот со Швајцарија. 

Со Нејмар во тимот, Бразил сигурно ќе биде многу подобар и ќе биде меѓу главните фаворити за освојување на „богињата“. Дуелот Бразил - Швајдарија се игра утревечер со почеток од 20 часот. 

Најново во Меѓународен Фудбал