Дизајнерите воодушевени од креацијата

Дресот на Нигерија номиниран за дизајн на годината!

Стотици дизајнерски експерти од целиот свет ги избраа за ова 11-то издание, најиновативните проекти од последните 12 месеци во шест категории. Дресот со кој Нигерија играше на Мундијалот е еден од нив.

објавено: 12 септември 2018 - 16:30

Дресот со кој Нигерија ги играше натпреварите на годинешното светско првенство во Русија е еден од номинираните во трката за „Beazley Designs of the Year", годишната прослава на Лондонскиот музеј за дизајн, кој ги наградува производите, концептите и дизајнерите кои ја обележале годината.

Ако дресот на Нигерија навистина ги привлече симпатиите кај навивачите ширум светот, дизајнот исто така, го привлече вниманието и на дизајнерските професионалци. Тој е еден од 87. проекти и производи номинирани за „Beazley Designs of the Year", инициран од Музејот за дизајн во Лондон.

Стотици дизајнерски експерти од целиот свет ги избраа за ова 11-то издание, најиновативните проекти од последните 12 месеци во шест категории.

Најново во Другата страна на спортот