НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ

Џон Тери ги шокираше челниците на Спартак Москва

Пред неколку дена англиските медиуми објавија дека Џон Тери својата кариера ќе ја продолжи во Спартак Москва, оваа информација ја потврди и рускиот тим. 

објавено: 12 септември 2018 - 19:57

Џон Тери пред неколку дена успешно ги мина лекарските прегледи во московскиот клуб, остана само да се потпише договорот. Во главниот град на Русија требаше да се појави овие денови, поточно уште во понеделникот.

Додека фановите на Спартак на големо го прославуваа доаѓањето на новото засилување, во меѓувреме стигнаа разочарувачки вести. Тери преку својот „Инстаграм“ профил соопшти дека се предомислил, нема да ја продолжи кариерата во тимот од Москва.

„По неколку денови размислување одлучив да ја добијам понудата на Спартак од Москва. Сакам да им се заблагодарам за сè, им посакувам се најдобро во иднина. Станува збор за амбициозен тим, изненаден сум од нивата професионалност. Сепак, по разговорот со моето семејство одлучив дека ова не е нешто што го сакаме во овој момент“, пиша Тери разочарувајќи голем број на фанови.

 

Најново во Меѓународен Фудбал