Италија не успеа да победи, Португалија веќе е прва

Европскиот шампион со реми од „Сан Сиро“ оди во плеј-оф (ВИДЕО)

Португалија остана непоразена во Милано. Романија убедлива против Литванија, а Албанија доживеа дебакл на домашен терен од Шкотска.

објавено: 17 ноември 2018 - 22:50

Португалија успеа да остане непоразена на гостувањето во Италија играјќи нерешено 0:0 и потврдувајќи го првото место во групат аи пласманот во плеј-офот во Лигата на нации. Вечерва на гостувањето во Милано, Португалија одигра одличен меч и не им дозволи на !азурите“ да дојдат до планот со победа да останат во трка за првото место во групата. наспроти обидите на домашните, Португалците имаа две-три извонредни шанси за гол, но вечерва Италија го имаше одличниот голман Донарума кој на „Сан Сиро“ не дозволи гостите да слават.

По еден ваков резултат, Португалија со 7 бода останува лидер во групата и во последното коло без разлика како ќе заврши дуелот со последнопласираната Полска останува на првото место.

Во рамките на „Ц“ групите од Лигата на нации, вечерва Албанија беше декласирана на домашен терен од селекцијата на Шкотска со 4:0. Албанците останаа без Маврај по само 23 минути игра (црвен картон), по то следуваше тотален распад на тимот. Оваа победа ги носи Шкотите на врвот на табелата со 6 бода, колку што има и Израел и во последниот меч ќе гледаме директен дуел меѓу овие два селеции за првото место.

Романците, пак, без мака дома ја победија Литванија со 3:0 и дојдоа на два бода негатива во однос на Србија во групата „4“. Последното коло и дуелите Србија - Литванија и Црна Гора - Романија ќе решаваат кој ќе заврши како првопласиран и ќе обезбеди место во плеј-офот.

Најново во Меѓународен Фудбал