СЛЕДУВААТ НОВИ КАЗНИ

ФИФА поведе постапка против Шаќири, Џака, Крстајиќ и Србија

Србија ја чека нова парична казна поради недолично однесување на своите навивачи, кои за време на дуелот со Швајцарија. 

објавено: 24 јуни 2018 - 10:00

Дисциплинската комисија на ФИФА поведе постапка против швајцарските репрезентативци, Гранит Џака и Џердан Шаќири за начинот на прославување на погодоците против Србија. Двајцата фудбалери по постигнувањето на головите испратија политичка порака, покажувајќи двоглав орел, националниот симбол на албанското знаме.

Со нова казна ќе се соочи и фудбалскиот сојуз на Србија, поради недоличното однесување на фановите, односно истакнување на политички и навредливи пораки за време на мечот со Швајцарија. Нашиот северен сосед веќе има една парична казна од 10.000 франци. 

На мета на комисијата се најде српскиот селектор Младен Крстајиќ поради изјавата по завршување на мечот со Швајцарија за начинот на судење. 

Џака, Шаќири и Крстајиќ покрај парична казна може да бидат и суспендирани. 

Најново во Меѓународен Фудбал