Францускиот тим го договори новиот тренер

Анри во понеделник го презема Монако

Се е договорено. Анри доаѓа во Монако веднаш по саботните обврски во репрезентацијата на Белгија.

објавено: 12 октомври 2018 - 13:38

Поранешниот напаѓач на репрезентацијата на Франција, Тјери Анри, за неколку дена и официјално ќе биде назначен како нов тренер на екипата на Монако. Според информациите на „Л“Екип“, поранешниот фудбалер на Арсенал ќе го напушти белгискиот национален тим, каде што во моментов ја има улогата на прв асистент на селекторот Роберто Мартинез.

Како што се очекува, Анри ќе биде официјално претставен како нов тренер на тимот во понеделник. Монако вчера и официјално потврди дека клубот го напушта тренерот Жардим, кој во последниве неколку години ги имаше најголемите успеси во клупската историја.

Најново во Меѓународен Фудбал