Заминувањето на Португалецот нема да биде спогодбено

Жардим бара 7 милиони евра за отказот кој го доби од Монако

Португалецот ќе ги искористи условите од договорот и ќе бара отштета за предвремено раскинување на соработката со францускиот тим.

објавено: 12 октомври 2018 - 14:30

Тренерот на Монако, Леонард Жардим, ќе добие надомест за раскинување на договорот со клубот во висина од 7 милиони евра. Веста ја објави весникот „А Бола“, повикувајќи се на извори блиски до менаџерот.

44-годишниот досегашен стратег на Монако, вчера мораше да ја напушти функцијата, откако од клубот му врачија отказ. Португалскиот специјалист беше дел од клубот од кнежевството од 2014 година. Под негово водство, тимот ја освои титулата на Франција во сезоната 2016/17. Во таа кампања, Монако успеа да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што не успеа да го порази Јувентус од Торино. Во истата сезона, Жардим беше прогласен и за најдобар тренер на француската лига 1.

Оваа сезона клубот почна очајно со само една победа и пласман на 18. место на табелата по 9 кола.

Најново во Меѓународен Фудбал