ПРОМОВИРАН НИКО КОВАЧ

ГИ НЕМА РОБЕН И РИБЕРИ: Ова е „новиот“ Баерн! (Фото)

Многу германски стручњаци предвидуваат дека во стартните 11 нема место за Холанѓанецот и Французинот, односно дека Милер конечно се враќа на својата позиција.

објавено: 3 јули 2018 - 11:45

Она за што овие денови се шпекулира во Германија е секако каков ќе биде статусот на ветераните Арјен Робен и Франк Рибери.

Двајцата неодамна ги продолжија договорите, а новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач кој што беше промовиран не ги гледа во стартните 11, туку како алтернативи.

Но, и покрај нивната возраст, тоа и не звучи така лошо. Имено, доколку би ја применил истата тактика од Ајнтрахт, Хрватот на страничните позиции би ги поставил Давид Алаба и Џошуа Кимих.

Со истиот досегашен принцип, баварскиот гигант од наредната сезона би играл со тројца стопери - Зуле, Боатенг и Хумелс.

Најново во Меѓународен Фудбал