ТРОЈЦА ДЕБИТАНТИ НА СПИСОКОТ, ЛЕВ ГО ВРАТИ САНЕ

ГО НЕМА ОЗИЛ: Составот на Германија после мундијалската катастрофа! (ФОТО)

Два месеци после дебаклот во Русија, германскиот селектор го објави првиот список за претстојната сезона.

објавено: 30 август 2018 - 10:40

Кога ќе го одземеме „прецртаниот" Озил и пензионираниот Гомез, најзвучно име во овој состав на Германија е секако Кедира.

Лев објасни дека разговараше со шампионот од Бразил и му кажа своите планови за подмладување на тимот во средниот ред.

Од играчите кои беа во Русија недостасуваат уште Руди, голманот Трап и Платенхарт, дебитанти на списокот се уште суперталентираниот Хаверц од Леверкузен, новиот стопер на ПСЖ, Керер, и Нико Шулц чиј развој го забави повредата.

Германија во септември ја очекува тежок натпревар во новото фудбалско натпреварување УЕФА Лига на нации против светскиот шампион Франција, а потоа и пријателскиот меч со Перу.

Најново во Меѓународен Фудбал