ДАЛИ ЗГРЕШИЈА ОД „АЛИЈАНЦ АРЕНАТА“ СО ЧИЛЕАНЕЦОТ?

Можните замени на Видал во Баерн Минхен!

31-годишниот играч од средниот ред одлучи да се пресели во редовите на Барселона

објавено: 5 август 2018 - 11:00

Со баварскиот гигант успеа три пати да ја освои Бундеслигата, а има и по еден трофеј во националниот Куп и Суперкуп.
Се поставуваат многу прашања, дали потегот на Баерн да си замине Видал има смисла и кој ќе го наследи во наредниот период?

Се спомнуваат седум имиња како можни замени, тие се: Себастијан Руди, Леон Горецка, Хави Мартинез, Ренато Санчес, Тиаго, Корентин Толисо и Џејмс Родригез.

Според многумина, сите погледи се насочени кон 23. годишниот Леон Горецка кој пред медиумите изјава дека се гледа себеси како способен да преземе водечка улога. А за да го стори тоа, треба да се докаже на теренот со изведување на неговите перформанси.

Одличен и силен во воздушните и физички дуели, плејмејкер и стрелец. Покажа дека е навистина комплетен играч од средниот ред за време на петте години во Гелзенкирхен.

Ако неговиот талент блесне уште повеќе во Баерн, тогаш за очекување е да се промовира во еден од најдобрите играчи не само во Германија, туку и во Европа. Воедно докаже дека челниците од Минхен не згрешиле што се ослободиле од обврските на Артуро Видал.

Најново во Меѓународен Фудбал