Европа има силен адут за СП по 12 години

И Р. Ирска во Островската кандидатура за СП 2030

Република Ирска ќе се приклучи на заедничката кандидатура на Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс со која ќе се обидат да ја добијат организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година.

објавено: 20 септември 2018 - 22:00

Република Ирска ќе се приклучи на заедничката кандидатура на Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс со која ќе се обидат да ја добијат организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година.

Англија последен пат го организираше Светското првенство во 1966 година, но имаше две неуспешни кадидатури за организација на настаните во 2006 и 2018 година.

Аргентина, Парагвај и Уругвај, исто така, сакаат да го организираат Светското првенство во 2030 година со заедничка кандидатура, што само по себе најавува интересна „војна" меѓу островските земји од Европа и оние од Јужна Америка кои ќе се обидат да ги добијат гласовите на делегатите на ФИФА на следниот конгрес на кој ќе се одредуваат домаќините на следните Мундијали.

Најново во Меѓународен Фудбал