После регуларните 90. минути беше 1:1, од белата точка уште во седмата минута преку Зидан поведоа најпрвин „триколорите", а во 19-та израмни Матераци.
Финалната битка беше решена после пенал-серијата каде што Италијанците беа перфектни, прецизни беа Пирло, Матераци, Де Роси, Дел Пјеро и Гросо, а на спротивната страна трагичар беше Трезеге.
Тоа беше четвртата титула во историјата за Италија која не успеа да обезбеди пласман на годинешниот Мундијал во Русија, но ќе се обиде да се врати на тронот по петти пат на СП 2022 во Катар.