ГЕРМАНЕЦОТ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО „СТАРАТА ДАМА“

Кедира во Јувентус до 2021 година

Играчот од средниот ред потпиша нов две-годишен договор со италијанскиот шампион.

објавено: 12 септември 2018 - 11:40

Клубот официјално објавува дека Сами Кедира ќе го носи дресот на Јувентус до 2021. година.

Кедира влегува во својата четврта сезона за „бјанконерите", веќе го имаше првиот гол сезонава на гости против Киево, севкупно има 20 погодоци во 80 мечеви во Серија А.

Со најголема минутажа во изминатите три сезони (8882 во сите натпреварувања). Три пати ги освојуваше Серија А и Копа Италија.

Дојде во Јуве во 2015. година како слободен играч од редовите на Реал Мадрид во чиј дрес пак доаѓаше до трофеите во Примера, Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, ЛШ, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Најново во Меѓународен Фудбал