КАКО МАМЕЛ ГЕРМАНЕЦОТ?

Кислинг го мрзело да тренира, па сопругата го правела тоа место него

Германскиот фудбалер најмногу мразел да тренира, па нашол начин како да мами за време на тренинзите

објавено: 6 декември 2018 - 20:30

Штефан Кислинг летоска на 34. години одлучи да ја заврши кариерата, а најдлабока трага остави во Баер Леверкузен. А најмногу од се ги мразел тренинзите и пред сезоната кога се играле пријателски мечеви.

На тренинзите никогаш не работев сто отсто. Ниту еднаш!", изјави Кислинг кој кажа и како се снаоѓал.

Во клубовите ти даваат часовник кој ги мери срцевите отчукувања и ги чува резултатите за време на целиот тренинг. Бидејќи мојата сопруга физички беше добро спремна, трчаше со тој часовник, а потоа јас го ставав на мојата рака. Работеше толку добро што никој не ни примети", вели Кислинг.

 

Најново во Меѓународен Фудбал