Уште од сега договараат засилувања за плеј-офот

Косово подготвува две нови имиња за дуелот со Македонија

Едно од најверојатните нови имиња во селекцијата на Косово е Лорет Садику, кој настапува за турскиот прволигаш Касимпаша, кој моментно има шведски пасош.

објавено: 21 ноември 2018 - 12:30

Претседателот на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), Агим Адеми, по вчерашниот успех на репрезентацијата и пласманот во полуфиналето наплеј-офот од Д-Лигата на нации, изјави дека во следниот период тие ќе работат на доведување на уште две нови имиња во репрезентацијата како засилувања за дуелите со Македонија.

Адеми вели дека наскоро на репрезентацијата на Косово ќе и се приклучат на двајца нови играчи, но засега не ги открива нивните имиња. Секако дека станува збор за играчи кои се со косовско потекло, но израснале и живеат надвор од земјата подолго време и настапуваат во европските клубови под знамето на друга држава.

Косовските медиуми шпекулираат дека едно од новите имиња е Лорет Садику, 27-годишен дефанзивен играч за врска, кој моментно настапува за турскиот прволигаш Касимпаша. Тој наскоро треба да ги добие документите од Косово и официјално да стане репрезентативец на оваа земја, иако пред 4 години имаше 4 настапи за репрезентацијата на Косово при официјалната промоција на земјат ана меѓународната сцена. 

Денеска тој настапува во Турција како фудбалер од Шведска.

Најново во Меѓународен Фудбал