БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ

Легендарниот англиски фудбалер го нападна Џердан Шаќири

Швајцарија не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум репрезентации во светот, откако беше поразена од Шведска со 1-0. 

објавено: 4 јули 2018 - 14:00

Легендата на Англија, Фил Невил беше гостин на „BBC“ за време на мечот меѓу Шведска и Швајцарија. Неговиот коментар за Џердан Шаќири, најверојатно најдобриот фудбалер на Швајцарија во овој момент, веднаш се рашири низ медиумите.

„Шаќири одигра лошо во дресот на Стоук минатата сезона“, рече Фил Невил, кој најверојатно имаше нешто против овој фудбалер, бидејќи Шаќири беше еден од најдобрите играчи во дресот на англискиот тим, со најмногу голови и втор асистент.

 

Најново во Меѓународен Фудбал