БЕЗ ГОЛОВИ НА „МАРАКАНА“, УСПЕШНИ ГАЛАТА, АТЛЕТИКО, ДОРТМУНД

Фирмино е „златниот“ херој на Ливерпул, Икер испиша историја! (ФОТО+ВИДЕО)

После првите два натпревари во групата Б, вечерва се комплетираше првото коло и во останатите групи А, Ц и Д на стартот од новата натпреварувачка сезона 2018/2019 во Лигата на шампионите.

објавено: 18 септември 2018 - 23:00

Во дербито на „Енфилд" Ливерпул во самиот финиш успеа да го совлада ПСЖ (3:2). Во текот на првото полувреме „Редси" водеа со погодоците на Стариџ и Милнер од пенал, а „светците" преку Муние успеаја да намалат.

Во 83. минута францускиот шампион израмни преку Мбапе, но во 92. минута Фирмино кој настапи во второто полувреме од 72-та им донесе голема радост на своите навивачи. Во истата група Ц на спектаклот на „Маракана" без голови одиграа екипите на Црвена Звезда и Наполи (0:0).

Потоа, во групата А Дортмунд славеше со голот на Пулишиќ (85. мин.), додека на гостински терен триумфираше тимот на Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите" со 1:2 ја надиграа екипата на Монако, иако водеа први Французите од 18. минута благодарение на Грандсир.

Шпанците не дозволија да си заминат со пораз, па уште во првите 45. минути го направија целосниот пресврт, напрвин за 1:1 се погрижи Коста (31.), а конечниот епилог го постави Хименез по додавањето на Коке.

И во групата Д, Галатасарај успешно стартуваше со победа над претставникот од Русија, Локомотив Москва, со убедлив резултат 3:0. Турците ги обезбедија првите три бода преку Родригес, Дердијок и Инан од пенал (90+4).

-ГОЛЕМИОТ ИКЕР КАСИЉАС ИСПИША ИСТОРИЈА-

Голманот на португалскиот шампион не пропушти нитуедна групна фаза во Лигата на шампионите во својата богата кариера.

Зборуваме токму за вториот меч од групата Д (Шалке-Порто) 37-годишниот чувар на мрежата по дури 20. пат по ред настапува во групите на ЛШ.

Овој дуел на Гелзенкирхен заврши 1:1, иако можеа Португалците да дојдат до триумфот, ако во 13. минута Телес беше прецизен од белата точка.

Се се започна во 1999. година кога дебитираше на голот на Реал Мадрид против Олимпијакос. На тој 15. септември пред 19 години, Касиљас стана и најмладиот голман во историјата на ова натпреварување, со 18 години и 177 дена, но неговиот рекорд минатата година го надмина младиот српски голман Миле Свилар.

Лига на шампиони (вторник)

1. коло, резултати:

ГРУПА А
МОНАКО - АТЛЕТИКО МАДРИД 1:2
КЛУБ БРИЖ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 0:1

ГРУПА Б
ИНТЕР - ТОТЕНХЕМ 2:1
БАРСЕЛОНА - ПСВ 4:0

ГРУПА Ц
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - НАПОЛИ 0:0
ЛИВЕРПУЛ - ПСЖ 3:2

ГРУПА Д
ШАЛКЕ - ПОРТО 1:1
ГАЛАТАСАРАЈ - ЛОКОМОТИВ МОСКВА 3:0

Најново во Меѓународен Фудбал