ПРОДОЛЖУВА „РИВАЛСТВОТО“ МЕЃУ ФУДБАЛСКИТЕ ВЕЛИКАНИ!!!

Паѓаат рекорди: Статистички, Меси подобар од Роналдо! (ФОТО)

Аргентинската ѕвезда блеска уште на стартот од новата сезона во фудбалската Лига на шампионите, во првото коло од групната фаза, Барселона со 4:0 го совлада ПСВ.

објавено: 19 септември 2018 - 08:00

Лионел Меси во првиот триумф на „Камп Ноу" против холандската екипа реализираше три гола, еден беше дело на Дембеле.

Со хет-трикот моментно Меси има 63 голови (од 64 натпревари) за нов рекорд во групната фаза од Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо има вкупно 60, но таа бројка може да биде променета в среда кога Јувентус гостува кај Валенсија (21:00 ч.)

-Потоа, само четири од 101 гол на Меси во ЛШ биле постигнати директно од слободен удар.

-Првиот играч во историјата на ЛШ да реализира во 14 сезони по ред во ова натпреварување за ист клуб после Раул Гонзалез. Уште еден доказ зошто е „крал" на Камп Ноу...

-Првиот играч во историјата на ЛШ што постигнува осум хет-трика во натпреварувањето, моментно еден повеќе од Роналдо.

-Најмногу голови за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона: Лионел Меси (7), Осман Дембеле (5), Луис Суарез (3).

-Меси сега постигнал голови против 179 различни голмани.

-И на крајот ПСВ Ајндховен е „30 жртва" на Аргентинецот во Лигата на шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал