ПОРТУГАЛЕЦОТ ИМА СРЕЌА

Роналдо сепак се враќа на „Олд Трафорд“?

По првото коло во Лигата на шампионите и покрај убавите потези и голови во центарот на вниманието е Кристијано Роналдо. 

објавено: 20 септември 2018 - 18:31

Крстијано Роналдо во 29. минута заработи директен црвен картон, откако буквално го искуба Муриљо. Португалскиот фудбалер толку многу го заболе исклучувањето што почна да плаче како мало дете.

Црвениот картон го доведе настапот на Роналдо на „Олд Трафорд“, овој пат во дресот на Јувентус, но според последните информации, тој ќе биде во составот на дуелот со Манчестер Јунајтед, закажан за следниот месец. Од УЕФА ќе добие суспензија од само еден меч, поточно ќе ја прескокне пресметката со Јанг Бојс. 

Сепак крајната одллука ќе биде позната на 27 септември, кога ќе заседава дисциплинската и етичка комисија. Доколку оцени дека потегот на Роналдо имало насилство и намера, во тој случај ќе добие суспензија од три месеци.

Роналдо во Јунајтед мина шест години, токму во овој тим започна неговата блескава кариера. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал