ГО ПАМТИТЕ ЛИ АНДЕРСОН?

Некогаш во Јунајтед сега во турска втора лига

Бразилскиот играч Андерсон беше дел од славниот Манчестер јунајтед под раководство на сер Алекс Фергусон и притоа се радуваше на четири шампионски титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

објавено: 31 јули 2018 - 19:30

Сега, на 30 години ќе игра во турскиот второлигаш Адана Демирспор, клубот кој минатата сезона избегна преселба во третата лига. Фудбалерот кој има и осум настапи за Бразил со новиот клуб потпиша тригодишен договор.

Адана е седми клуб за Андерсон во кариерата. Тој почна во Гремио, па играше за Порто, па за Манчестер јунајтед, Фиорентина, Интернасионал и Коритиба.

Најново во Меѓународен Фудбал