ГОЛЕМ БРОЈ НА ФУДБАЛСКИ ДЕРБИ ПРЕСМЕТКИ ШИРУМ ЕВРОПА

Подгответе се за спектакуларна фудбалска сабота!!!

Уживање за љубителите на најважната споредна работа на светот. Оваа сабота ни донесува неколку големи средби, а „маратонот" ќе започне во Англија.

објавено: 28 септември 2018 - 21:30

Најпрвин од 13:30 часот во седмото коло од Премиерлгата на Олимпискиот стадион во Лондон силите ќе ги одмерат Вест Хем и Манчестер Јунајтед. И оваа сезона избраниците на менаџерот Жозе Мурињо играат променливо „топло-ладно".

Потоа, од 15:00 часот во италијанската Серија А е големото римско дерби помеѓу екипите на Рома и Лацио. Римската „волчица" игра далеку под своите очекувања, а „небесно-сините" имаат досега четири победи по ред.

Три часа подоцна во Италија актуелниот бранител на титулата Јувентус со новата ѕвезда од оваа сезона Роналдо е домаќин на Наполи.

Во Лондон имаме уште една пресметка, она помеѓу Челзи и Ливерпул. Останува да се види дали Редси ќе им се реваншираат на лондонските „сини" за елиминацијата во Лига купот.

И како „шлаг на тортата", фудбалскиот ден ќе заврши со големото мадридско дерби во Шпанија помеѓу Реал и Атлетико.

ФУДБАЛСКА САБОТА (29.09.2018)

13:30 часот Вест Хем-Манчестер Јунајтед (Премиерлига)
15:00 часот Академија Пандев-Шкендија (1МФЛ, Македонија)
15:00 часот Рома-Лацио (Серија Б)

16:00 часот ЦСКА Софија-Левски Софија (Бугарија)
16:15 часот Барселона-Атлетик Билбао (Примера)
16:30 часот Хајдук Сплит-Динамо Загреб (Хрватска)

17:15 часот Ница-ПСЖ (Франција)
18:00 часот Јувентус-Наполи (Серија А)
18:00 часот АПОЕЛ-АЕК Ларнака (Суперкуп, Кипар)

18:30 часот Челзи-Ливерпул (Премиерлига)
18:30 часот Баер Леверкузен-Борусија Дортмунд (Бундеслига)
20:45 часот Реал Мадрид-Атлетико Мадрид (Примера)

Најново во Меѓународен Фудбал