ФИФА ВЕЧЕРВА ГИ ПРОГЛАСУВА НАЈДОБРИТЕ

Роналдо објасни зошто нема да дојде во Лондон

Иако ФИФА одамна соопшти кога ќе се одржи свечената церемонија на доделување на наградите, сепак португалскиот фудбалер нема да биде присутен.

објавено: 24 септември 2018 - 19:06

Минатата година оваа награда отиде во рацете на Кристијано Роналдо, кој се најде и во тесниот избор и овојпат, но заедно со Лука Модриќ и Мохамед Салах. Иако ФИФА одамна соопшти кога ќе се одржи свечената церемонија на доделување на наградите, сепак португалскиот фудбалер нема да биде присутен.

Роналдо истакна дека обврските не му дозволуваат да дојде, Јувентус во среда игра против Болоња на гостински терен, што пак е поважно од Лондон. 

Фудбалерот на италијанскиот тим не се појави ниту на прогласување на најдобриот фудбалер во Европа, награда која му припадна на Лука Модриќ. Многумина веруваат дека хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид одново ќе го победи својот некогашен соиграч, што пак е дополнителна причина за отсуството на Португалецот. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал