ЗА ДУЕЛОТ ВО ЛШ ПОМЕЃУ ТИМОВИТЕ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И ЛИВЕРПУЛ

Шаќири: Одам во Белград, не се плашам од никого!

Играчот за врска во Ливерпул и репрезентацијата на Швајцарија, Џердан Шаќири не се плаши од доаѓањето во Белград.

објавено: 12 септември 2018 - 17:30

Англискиот клуб во Лигата на шампионите е во група со Црвена Звезда, а на стадионот „Рајко Митиќ" ќе гостува на 6. септември.

Шаќири е свесен дека навивачите на српскиот клуб ќе го пречекаат со свирежи поради тоа што го направи претходно, за време и после Светското првенство, но не стравува.

„Не се плашам од гостувањето во Белград. Читав се што е пишано, но таму одам само да играм фудбал. Не се плашам од никого", истакна Шаќири за швајцарскиот „Блик".

26-годишниот фудбалер роден во Гњилане така му одговори на генералниот директор на Црвена Звезда, Терзиќ кој израмни сомнение дека Шаќири ќе допатува во Белград.

„Шаќири знае дека Црвена Звезда е симболот на Србија. И тоа е причината поради која се сомневам дека ќе дојде. Наша должност е да го заштитиме и бидеме добри домаќини", ја пренесоа швајцарските медиуми изјавата на Терзиќ.

Репрезентативецот на Швајцарија ова лето од Стоук дојде во тимот на Јирген Клоп, а во групата со Ливерпул и Црвена Звезда се уште ПСЖ и Наполи.

Најново во Меѓународен Фудбал