Инфантино застана против проектот на Шпанците

ФИФА е против мечеви од Ла Лига да се играат во САД

Инфантино е категоричен дека не е дозволиво првенствени средби од една да се играат во друга земја. Првиот човек на Ла Лига го праша на Twitter: „Како Канаѓаните играат во МЛС?“

објавено: 19 септември 2018 - 09:15

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, категорично се изјасни против планот на Ла Лига за одигрување на натпревари од шпанското првенство на територијата на САД. Проектот е во напредна фаза на реализација, откако неодамна, Барселона и Жирона поднесоа молби до Шпанската фудбалска федерација за дозвола дуелот меѓу двата тима да се одигра на 26 јануари во Мајами. Инфантино смета дека домашните натпревари треба да останат исти и да не се играат во странски земји.

„Би сакала да гледам голем натпревар од МЛС наместо средба од Ла Лига во САД. Во фудбалот еден од основните принципи е да играш домашни натпревари дома, а не во странска земја. Постојат правила кои секој треба да ги почитува. Таков предлог треба да биде одобрен од соодветните федерации и соодветните фудбалски асоцијации, но и ФИФА исто така треба да даде свое мислење, бидејќи тоа би можело да влијае врз фудбалот на глобално ниво", изјави првиот човек на светскиот фудбал.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој е најголемиот иницијатор на идејата му одговори на Инфантино преки Twitter: „Ќе го потсетам претседателот на ФИФА, дека во МЛС учествуваат три екипи од Канада, а актуелниот шампион Торонто исто е од Канада, иако во Канада има посебна професионална лига."

Најново во Меѓународен Фудбал