БРАЗИЛЕЦОТ НЕ КРИЕ

Нејмар: Ми недостасува Барселона...

Бразилскиот фудбалер, Нејмар минатата лето ги помести трансфер границите, за рекордни 222 милиони евра од Барселона премина во ПСЖ. 

објавено: 27 август 2018 - 17:14

Нејмар ги изненади фановите на Барселона со својата одлука да замине во ПСЖ, но тоа го стори за да излезе од сенката на Лионел Меси. Бразилецот сакаше да покажа дека може да биде лидер на еден тим, и да ги симне од тронот Меси и Роналдо, но дел од работите не одат како што тој се надеваше.

Само по една сезона мината во дресот на францускиот тим започнаа шпекулации дека ќе потпише за Реал Мадрид, па дури и дека ќе се врати во Барселона.

Бразилецот за француските медиуми кажа што мисли за информациите поврзани со негово враќање на „Камп Ноу“.

„Хаха, можам да кажам дека многу ми недостасуваат соиграчите од Барселона, но јас имам договор со ПСЖ и останувам тука. Јас во Барса? Не знам за што зборувате“, рече Нејмар.

 

Најново во Меѓународен Фудбал