ЗАНИМЛИВ ПОДАТОК ЗА АРГЕНТИНСКАТА ЅВЕЗДА НА БАРСЕЛОНА

Што мислите, Меси има повеќе голови со или без брада? (ФОТО)

И оваа сезона Лионел Меси е еден од главните носители на каталонскиот гигант кој ќе води битка на неколку фронта за освојување на нови титули.

објавено: 23 септември 2018 - 11:05

Аргентинецот одлично стартуваше во Примера и Лигата на шампионите, во најсилната шпанска лига од четири натпревари има четири голови, а во Лигата на шампионите започна со хет-трик на „Камп Ноу" против ПСВ.

Постепено слушаме за нови рекорд од страна на Лео Меси, а секако се одвојуваат и занимливите податоци кои што исто така ги има во голем број.

Еве една од нив, во текот на кариерата без брада аргентинскиот интернационалец досега постигна 435 голови од 531 натпревар, а со брада 106 голови од 112 натпревари.

Најново во Меѓународен Фудбал