БЕРНАРД ШАЛАНД ЌЕ ЈА ВОДИ СЕЛЕКЦИЈАТА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА ЕУРО

Швајцарец ги води косовските „гладијатори“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Косово ќе биде противникот на Македонија во полуфиналето од плеј-офот за пласман на Европското првенство 2020. година. Косово е предводен од 67-годишниот Бернард Шаланд, Швајцарец кој од годинава ја води оваа репрезентација.

објавено: 21 ноември 2018 - 11:00

Фудбалерите на Косово на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина во вторникот на домашен терен со 4:0 го совладаа Азербејџан и го освоија првото место во својата група 3 од Лигата „Д" со 14 бодови, со учинок од четири победи и две нерешени средби (гол-разлика 15:2).

Претходно Шаланд како селектор ја водел и Ерменија, швајцарските селекции до 17., 18., и 21 година, а во тренерската кариера бил на клупата на Јанг Бојс, Сервет, Цирих, Сион.., а воедно е и „скаут" на Базел (од 2015-та). На 2. март оваа година потпиша две-годишен договор да ја води репрезентацијата на Косово.

„Мечот против Азербејџан беше многу важен, победивме и се пласиравме во полуфиналето од плеј-офот за пласман на ЕП. Како тим се подигнавме на едно многу високо ниво и го направиме тој чекор напред".

Покрај тактичко-техничкиот дел, еве што им кажал на своите фудбалери пред почетокот на натпреварот против Азербејџан:

„Им реков да играат како гладијатори. Тимска победа, каде што дефанзивците им помогнаа на оние од средниот ред, но и нападот помогна. Ќе продолжиме да применуваме еден убав фудбал", беа зборовите на Шаланд, селекторот на Косово.

Најново во Меѓународен Фудбал