По потерницата од Хрватска, во Босна и Херцеговина е...

Уапсен Здравко Мамиќ!

Како што пишува Журнал, највлијателниот човек во фудбалот во Хрватска е уапсен откако му беше пресудено дека треба да оди во затвор шест и пол години

објавено: 14 јуни 2018 - 12:53

Како што пишува Журнал, највлијателниот човек во фудбалот во Хрватска, Здравко Мамиќ е уапсен откако му беше пресудено дека треба да оди во затвор шест и пол години. 

Мамиќ избега од Хрватска еден ден пред да биде соопштена пресудата на судењето кое траеше повеќе од една година. Пред осум дена, судот во Осиек донесе одлука дека браќата Мамиќ заедно со уште двајца, се виновни по неколку точки од обвинението кое го имаа. Здравко е осуден на шест и пол години затвор, а неговиот брат Зоран доби помала казна и ќе треба да одлежи 4 години и 11 месеци зад решетки.

Судот во Осиек пресуди дека тие се виновни поради финансиски малверзации при трансферите на Лука Модриќ и дејан Ловрен од Динамо и на тој начин ја оштетиле државата за 12,2 милиони куни, а Динамо е оштетен за 117 милиони куни. Покрај браќата Мамиќ, виновни се и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ (затвор во траење од три години) и даночникот Милан Пернак (затвор во траење од 4 години и 2 маесеци).

Само еден ден пред да биде донесена пресудата Мамиќ избега од Хрватска и се појави на прес конференција во Босна и Херцеговина. Иако мислеше дека таму е сигурен, денеска стигна веста дека Мамиќ е уапсен.

Најново во Меѓународен Фудбал