ТРГНАА СО ПОРАЗ

Николов и Видеотон паднаа пред БАТЕ

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов и Видеотон на домашен терен беа совладани од Бате Борисов со 0-2.

објавено: 20 септември 2018 - 20:54

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов и Видеотон се поразени на првиот меч од групната фаза во Лига Европа, на домашен терен беа совладани со 0-2 од Бате Борисов. Белорускиот тим беше подобар противник во текот на целиот меч, гостите поведоа во 27. минута со голот на Јасе Тоуминен, а печат на триумфот ставија во 85. минута преку Филипенко .

Николов беше во стартниот состав на Видеотон, потоа беше заменет во 78. минута. 

Во второто коло унгарскиот тим му гостува на Челзи, кој минимално славеше на гостувањето кај ПАОК (1-0).

Резултати: Акхисар – Краснодар 0:1, Бешикташ – Сарпсборг 3:1, Динамо Киев – Астана 2:2, Генк – Малме 2:0, Лацио – Аполон 2:1, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1:2, МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0:2, ПАОК – Челзи 0:1, Рапид Виена – Спартак Москва 2:0, Рен – Јаблонец 2:1, Севилја – Стандард Лиеж 5:1, Вилјареал – Ренџерс 2:2.

Најново во Меѓународен Фудбал