СЕ Е ВО ШИШЕТО...

ПИКФОРД Е ПОДГОТВЕН: Си запиша кој од „коцкастите" каде шутира пенал

Сјајниот голман на „Гордиот Албион" и на Евертон има интересен обичај, на шишенцето за вода ги пишува пеналите на противникот...

објавено: 18 ноември 2018 - 13:05

Веќе го направи тоа неолкупати. Со водоотпорен маркер на шишенцето од кое пие вода за време на натпреварите, голманот на англиската селекција, напиша „лево" односно "десно". За прв пат на средбата од Мундијалот во Русија, кога му успеа да го одбрани ударот од 11. метри на Колумбиецот бака во четвртфиналето.

Јасно е дека пикфорд не може да запамети се, па затоа убаво си го пишува тоа на пластичното шише.
Нема сомнеж дека тоа ќе го направи и денеска, на „Вембли", од 15. часот во дуелот против селекцијата на Хрватска, а младот голман дефиитивно ќе биде подготвен во случај да биде досуден пенал за гостите.
За потсетување, екипата која ќе го добие овој меч ќе ја освои групата. А реми исходот може да биде кобен и за едните и за другите запто што ќе се преселат во „Б" сегменетот од Лигата на нации.
Секако зависи и од тоа дали и колку голови ќе бидат постигнати при евентуален нерешен резултат

 

Најново во Меѓународен Фудбал