УЕФА ОДЛУЧИ:

Португалија е домаќин на „фајнал-форот" во Лигата на нациите

Финалниот турнир ќе се одржи во јуни во Порто односно Гимараеш...

објавено: 18 ноември 2018 - 14:39

Своевидниот "Фајнал-фор" ќе се одржи во перидот од 5. до 9. јуни наредната година, а домаќинството, со освојувањето на првото место во „А" сегментот го обезбеди Португалија.

Натпреварите, како што е соопштено, ќе се играат во летниот период, на стадионите „Драгао" во Порто, односно „Алфонсо Хенрикес" во Гимараеш.
Секако дека со оваа одлука Португалците им донесоа радост на навивачите, а со самото тоа и дополнителна финансиска инјекција на сојузот.
Но предусловот беше Португалците да се обврзат и потврдат дека имаат два стадиони со минимален капацитет од 30.000 гледачи, лоцирани во ист град, или во круг од 150.километри.
Освен Португалија, во конкуренција за финалниот турнир се уште и Франција и Холандија (група 1), Белгија и Швајцарија (група 2) и Шпанија, Англија и Хрватска од (група 4).
Ждрепката е предвидена за 3. декември, во Даблин.

Најново во Меѓународен Фудбал