Иран вчера со автоголот на Бухадуз пред самиот крај на натпреварот стигна до три значајни бода. На вториот меч најголемите фаворити Португалија и Шпанија ремизираа во групата Б, па така сега Иранците изненадувачки водат после првото коло.
Судејќи спрема она што се случувало, Иранците веќе како да ги исполнија очекувањата. Се славеше, играше доцна во ноќта, а имаше и пиротехнички средства.
Ова е само втора победа за Иран на светските шампионати и не зачудува славјето кое владеело во најголемиот град на таа земја.