Избраниците на селекторот Мијаниќ на Мундијалот одржан во Западна Германија во 1974. година го совладаа Заир (денешен ДР Конго) со конечен резултат 9:0 (6:0).
Беше тоа една од најсилните репрезентации на тогашна СФРЈ во која главна улога имаа Драган Џајиќ, Душан Бајевиќ, Ивица Шурјак, Јосип Каталински, Илија Петковиќ.
Кога сме веќе кај најубедливите победи на Светските првенства, селекцијата на Унгарија во 1954. година триумфираше над Јужна Кореја со 9:0, а Унгарија со девет голови разлика (10:1) на СП во 1982 беше подобра од Ел Салвадор.