ПРОМЕНИ ВО ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Данчо Масев нов спортски директор на А репрезентацијата на Македонија, Димитар Костадинов во Управниот одбор на ФФМ

објавено: 19 јуни 2018 - 15:43

Дени Масев е поранешен македонски репрезентативец. Фудбалската кариера ја почна во Беласица, а потоа играше и за Вардар и Работнички на домашната сцена. Масев има 34 години и пет настапи за А селекцијата на Македонија.

 

„Благодарност до Управниот одбор на ФФМ и селекторот на А репрезентацијата на Македонија за укажаната доверба, за мене е голема чест што добив можност да бидам дел од Националниот тим. Со голем дел од фудбалерите во составот од македонската репрезентација се познаваме одлично, дел од кариерата ја минавме заедно во Беласица и Вардар. Имам добра комуникација со сите, убеден сум дека тој однос дополнително ќе го надградиме со целата екипа. Драго ми е што во тимот има одлична енергија, тоа го видовме сите, не само поради добрите резултати во последната година, туку и заради поврзаноста меѓу фудбалерите и нивниот однос кон дресот со државен грб. Имаме одлична репрезентација и добри поединци предводени од капитенот Пандев. Во Лигата на Нации имаме голема шанса и сметам дека сме способни за прво место во групата. Потоа се е можно. Секако дека посакуваме историски резултат и пласман на Европско првенство. Тоа со оваа репрезетнација ни недостасува. Сите сме тука за таа цел, да направиме нешто големо.

Управниот одбор на ФФМ, на денешната седница доби нов член. На местото на Бранко Здравески во највисокото тело на Федерацијата влегува Димитар Костадинов. Сопственикот на компанијата „Кодинг" е голем пријател и поддржувач на македонскиот фудбал и воопшто нашиот спорт.

Горска е долгогодишен партнер на фудбалот и Фудбалската федерација на Македонија. Костадинов беше претседател на Специјалната Олимпијада на Македонија 2010-2014 и потпретседател на Македонската Кошаркарска Федерација 2005-2014.

Најново во Фудбал